Осумкратниот светски шампион Марк Маркез викендов ќе вози на Големата награда на Арагон, што ќе биде негова прва трка по четвртата операција на раката. Осумкратниот светски шампион последен пат се тркаше во Италија на 29 мај.
Тој минатата недела тестирше на патеката Мизано и по бројните прегледи и консултации му беше дозволено да се натпреварува викендов.
Големата награда на Арагон во Шпанија се вози во недела во 14 часот.