Top Sport

Маркез со „помош“ на Довициозо до пол-позицијата во Италија

Марк Маркез ја освои пол-позицијата во пресрет на трката за Големата награда на Италија. Одлични квалификации имаа двајца домашни возачи Фабио Квартараро на Петронас Јамаха и Данило Петручи на Дукати, додека разочараа Валентино Роси на Јамаха и Андреа Довициозо на Дукати.

Актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман Маркез до пол-позицијата дојде во последниот круг кога возејќи зад Довициозо успеа да го надмине времето на Квартараро.

Шпанецот на крајот имаше време 1:45.519 минути. Од првиот ред покрај Маркез трката ќе ја започнат Квартараро и Петручи.

Во квалификациите Довициозо забележа деветто време, а Роси целосно разочара и утрешната трка на Муџело ќе ја започне од 18 позиција.

Scroll to Top