Марк Маркез го зголеми водството во генерален пласман во Мото ГП шампионатот по победата на супер-возбудливото Холандско ТТ во Асен, додека најблискиот ривал за титулата, Валентино Роси беше само петти.
Возачот на Хонда стигна до четвртата победа оваа сезона, откако успеа да се одвои од тесната борба на шест возачи во последните неколку кругови од трката. Иако на крајот тој имаше 2.269 секунди предност, тоа не ја покажува вистинската слика за трката во која имаше тесна борба во текот на сите 26 кругови, а Маркез дојде на првото место на четири круга пред крајот. Второто место го освои неочекувано Алекс Ринс пред Маверик Вињалес во Јамаха
Во поголемиот тек од првата половина од трката лидер беше Хорхе Лоренцо во Дукати, кој имаше сензационален старт на трката во која по првиот круг беше втор од 10. Место на стартот. Лоренцо остануваше лидер, додека Маркез се најде во борба со Роси, Андреа Довициозо, Алекс Ринс и Маверик Вињалес за првото место.
На крајот, Маркез ја прославуваше својата 39. победа во Мото ГП, а шампионатот ја забележа најтесната трка во историјата на елитната категорија.
Here’s the results from another EPIC #MotoGP showdown in Assen ?
The closest top 15 in premier class history! ?#DutchGP pic.twitter.com/cdrth1Q52l
— MotoGP™??? (@MotoGP) July 1, 2018
How on earth did this not end in disaster for @ValeYellow46 and @lorenzo99 ???#MotoGP pic.twitter.com/sbLUV6hIyL
— MotoGP™??? (@MotoGP) July 1, 2018