Возачот на Репсол Хонда, актуелниот светски шампион, Марк Макркез попладнево бил успешно опериран во Барселона.
Шесткратниот светски првак во „кралската класа“, на првата трка оваа сезона која во неделата се возеше во Херез, доживеаа тежок пад. Маркез ја скрши десната рака поради што мораше да биде опериран.
Нервите не му биле оштетени, во раката му била ставена метална плочка која треба да помогне коската да зарасне, поради што постои шанса тој многу бргу да се врати на патеките.
Во Репсол Хонда се оптимисти дека Маркез ќе може да вози на 9 август кога на програмата е Големата награда на Чешка во Брно.
Репсол Хонда нема да ангажираат друг возач на местото на Меркез. Додека шампионот не се врати Репсол Хонда ќе има само еден возач, тоа ќе биде помладиот Маркез, Алекс.