Top Sport

Маркез утре ќе биде опериран

Актуелниот светски првак во „кралската класа“ во Мото ГП Марк Маркез утре ќе биде опериран во Барселона. Маркез на вчерашната трка во Херез, Шпанија, ја скрши коската на надлактицата.

Маркез падна од својот мотор на четири круга до крајот на трката, откако од последното дојде до третото место и вршеше притисок врз второпласираниот Маверик Вињалес.

Специјалистот за трауматологија на Мото ГП, Хавиер Мир, рекол дека Маркез се повредил поради директниот удар на гумата во неговата десна рака.

„Тоа резултираше со целосна фрактура и можна парализа на радијалниот нерв, иако во ова не сме сигурни. Процесот на рехабилитација ќе продолжи во Барселона“.

Околу сериозноста на повредата, како и колку ќе мора да паузира ќе биде познато по операцијата.

Scroll to Top