Top Sport

Мекејлеб и Антиќ дел од Дрим-тимот на ФИБА

Поранешните репрезентативци на Македонија, Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб добија огромно признание откако се избрани во идеалниот тим од „малите земји“ на Европските првенства во периодот од 2000 до 2020 година.

Антиќ и Мекејлеб беа дел од репрезентацијата на Македонија која во Литванија во 2011 година го освои четвртото место на континенталниот собир.

Покрај Антиќ и Мекејлеб во Дрим-тимот „Rest of Europe“ навивачите кои гласа на официјалниот сајт на ФИБА ги избраа Мирза Телетовиќ (Босна и Херцеговина), Јон Арнор Стефансон (Исланд) и Адам Ханга (Унгарија).

 

Scroll to Top