Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија. Шпанецот сега е најтрофејниот мотоциклист во историјата на овој спорт.
Доволно беше брилијантниот Шпанец да заврши меѓу првите девет, така што осмото место му ја донесе јубилејната 10-та титула во караванот на Мото ГП, осум од нив се освоени во кралската класа.
На овој начин, Шпанецот се проби до третото место на листата на сите времиња по вкупен број титули, претекнувајќи го Валентино Роси.
Прв е Џакомо Агостини со 15, додека втор е Анхел Нието со 13. Но, можеби поважно, кога станува збор за титули само во кралската класа, Маркез е изедначен со големиот Агостини на првото место, бидејќи двајцата имаат по осум титули. Роси е на седум. И беше сосема очекувано токму Агостини да му ја предаде златната кацига.
Маркез ја контролираше својата трка во Португалија. Веројатно и предупередн од тимот, по она што му се случи вчера во спринт трката, не се впушташе во дуели, буквално бегаше од нив. Немарата во која успеа, беше да дојде до целта и да биде меѓу првите десет.
Тој не падна под деветтото место, па затоа не остави ни грам надеж за Хорхе Мартин дека може, дури и само математички, да остане во игра за враќање на тронот во Валенсија.
It's hugs everywhere 🤗❤️#MARCmade | #H1STORY pic.twitter.com/3F5RkG3nHH
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026
А Мартин не успеа да го направи она што требаше, да победи. Заврши зад колегата од Априлија, Марко Бецеки, кој победи за 1:39.121. На крајот, Мартин имаше заостанување од 3,8 секунди. Успешниот ден на Априлија го заокружи Раул Фернандес, кој со сателитскиот тим, Трекхаус, го освои третото место.
Последната трка во Валенсија ќе го даде одговорот околу победникот меѓу конструкторите. На врвот Априлија има девет поени повеќе од Дукати.
