Top Sport

Марко: Фетел веќе не е еден од најдобрите во Ф1

Иако му беше ментор и близок соработник пет години, советникот на Ред бул, Хелмут Марко признава дека Себастијан Фетел веќе не може да се смета за еден од најдобрите Ф1 возачи.

Сезоната беше проблематична за Германецот, откако прво Луис Хамилтон избега со голема предност во генерален пласман, а потоа следуваа низа грешки од Фетел, заедно со очигледниот конфликт со младиот Шарл Леклер во тимот, кој стана возач број 1 со неговите подобри перформанси. На крајот, Фетел победи само еднаш и беше петти во генерален пласман.

„За жал, морам да кажам дека веќе не е меѓу најдобрите. Го разглаивме во Ред бул бидејќи секогаш зборувавме искрено со него. Во Ферари се познати по нивните политики во тимот, а Себ е премногу искрен за нив. Можеби исто така беше изненаден што Леклер е толку брз. Но, уште не го отпишувајте, може да се врати“, вели Марко.

Марко и Фетел соработуваа во Ред бул рејсинг од 2009 до 2014, период во кој Германецот освои четири светски титули.

Scroll to Top