Top Sport

Хабиб има „рецепт“ за Фергусон: Ќе го удрам посебно силно! (видео)

УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов вели дека го сфаќа предизвикот кој го чека пред долгоочекуваниот дуел против Тони Фергусон во април, но вели дека конечно ќе покаже кој е убедливо најдобриот фајтер во лесна категорија.

Откако четирипати мечот беше закажуван и откажуван поради најразлични причини, Дагестанецот вели дека е сигурен дека ќе стигне до победа.

„Секогаш се ценам над моите противници бидејќи не можам да се подготвувам за меч со несигурност. Мислам дека сум подобар од него во борењето, подобар од него физички, поцврст од него и за разлика од него не сум загубил. Како и тој, никој не ме нокаутирал. Да, тој има седум УФЦ нокаути, но и многу падови од удари. Ако го удрам, ќе го удрам посебно силно“, изјави Нурмагомедов во Русија.

Сепак, за разлика од вербалните (и физичките) дуели со Конор Мекгрегор, овојпат Нурмагомедов го почитува противникот.

„Тој има добра серија, нема пораз од 2012. Во историјата на УФЦ немало дуел на двајца фајтери со 12 победи во низа, така што ќе биде историски. Го сфаќам многу сериозно, и од јануари почнуваат вистинските подготовки. 100 дена тренинг за битка“, додава Нурмагомедов.

Scroll to Top