Советникот на Ред бул, Хелмут Марко вели дека Луис Хамилтон ја „поставил својата цена“, откако наводно германскиот клуб се обиделе да го донесат во тимот Себастијан Фетел и Макс Ферстапен.
Договорот на четирикратниот шампион Хамилтон завршува на крајот на сезоната, но и тој и Мерцедес инсистираа дека се блиску до договор. Марко реши да се вмеша и да посочи дека проблемот се парите кои ги бара Хамилтон.
„Тото Волф се обиде да ги добие Фетел и Макс, но двајцата го одбија. Секако, Луис слушна за тоа и ја крена својата цена“, вели Марко во интервју за „Спорт билд“.
Фото: ЕПА