Top Sport

УЕФА ќе ги истражува навивачите на Ливерпул, Де Бројне не е „импресиониран“ (видео)

УЕФА потврди дека ќе го истражува однесувањето на навивачите на Ливерпул пред мечот со Манчестер сити од четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако се појави и видеото од случувањата пред мечот, кој заврши со голема 3:0 победа на „Црвените“.

Навивачите на Ливерпул долго време најавуваа „пекол“ за гостинскиот тим, но ваква „канонада“ никој не очекуваше – автобусот беше нападнат со шишиња, лименки, петарди и други објекти. Кога автобусот заглави во „тесното грло“ на едно свртување, ситуацијата беше најлоша.

Никој не беше повреден, но Пеп Гвардиола јасно не беше импресиониран од однесувањето на полицијата. Неговиот помошник Мануел Естиарте објави видео со кое се добива и нова перспектива на случувањата.


Сепак, еден фудбалер не беше посебно импресиониран. Кевин де Бројне вели дека иако такво однесување не е прифатливо, нема проблем со однесувањето на навивачите.

„Веќе сум видел слични ситуации. Се случува. Не мислам дека е нешто посебно лошо. Очигледно, не е убаво да ти се скрши стаклото од автобусот. Но, ако навивачите го прават тоа без насилство, тогаш е океј и не ми пречи“, изјави Де Бројне.

Тој вели дека се надева дека и навивачите на Сити ќе направат слична атмосфера кога Ливерпул ќе дојде во блискиот град во вторник.

„Би било убаво да се повтори. Условите се поинакви, немаме добар резултат, но ќе бидеме подготвени, тоа е сигурно. Мислам дека и нашите навивачи ќе бидат тука за нас“, вели Де Бројне.

Scroll to Top