Top Sport

Марко: Колку ги чини Ферари секој судир на Саинс?

Откако шефот на Ферари, Матија Биното неодамна изјави дека се сомнева дека ривалите од Ред бул ќе имаат доволно пари за развој на болидот поради воведувањето на ограничениот буџет во Ф1, советникот на „бикот“, Хелмут Марко, вели дека италијанскиот тим треба да биде загрижен од сумата која ќе ја даде за резервни болиди по неколкуте судири на Карлос Саинс Јуниор.

Ред бул досега донесоа нови подобрувања на РБ18 болидот на речиси секоја трка, и Макс Ферстапен победи на трките во Имола и Мајами. Ф1 тимовите имаат ограничен буџет од 140 милиони долари оваа сезона.

„Ги планираме подобрувањата на таков начин што губиме килограми со секое подобрување, бидејќи уште не сме пристигнале до минималната тежина. Зголемените суми за логистика претставуваат проблем, но истото го имаат и Ферари и другите тимови. Сме потрошиле 75 отсто од буџетот за развој? Тоа се глупости. Ферари треба да се грижат за нарушувањето на буџетот по неколкуте судири на Карлос Саинс. Тоа не може да евтино“, вели Марко.

Саинс се изврте од Австралиското ГП во април, пред да се судри на квалификациие во Имола, и на петочиот тренинг на трката во Мајами.

Scroll to Top