Top Sport

Марко: Ништо не е готово, Ферари многу грешеа

Хелмут Марко, тимскиот советник на Ред Бул, смета дека шампионатот во Формула 1 не е завршен иако Макс Ферстапен има 80 поени повеќе од Шарл Леклер.

„Остануваат уште девет трки, имаме 225 бодови во игра. Плус квалификации за спринт, плус поени за најбрз круг. Не смееме да се опуштиме“, изјави Марко.

Марко смета дека Ферари, со чудните тимски стратегии многу им помогнале на Ред Бул.
„Ферари речиси се правеа погрешно. На пример, не разбирам зошто во Будимпешта не користеа користени средно тврди гуми. Ќе беа многу подобри, вака му овозможија на Мерцедес да заврши на позициите две и три“.

Австриецот истакнува дека Макс Ферстапен созреал оваа сезона.

„Дури сега можеме да ја видиме исправноста на нашата одлука да влезе во Формула 1 на 17 години. Тој беше еден од најголемите таленти, а сега е најдобар возач. Начинот на кој дојде до победата во Будимпешта од десеттото место е импресивен“, изјави Марко.

Scroll to Top