Top Sport

Марко: Сега е јасно, Фетел нема иднина во Ферари

Себастијан Фетел „нема иднина“ во Ферари, смета неговиот поранешен шеф од Ред бул, Хелмут Марко по уште една контроверзна трка за италијанскиот тим во неделата во Сочи.

И покрај тоа што го имаат најбрзиот болид во Ф1 во моментов, Ферари не успеаја да победат на Руското ГП и наместо тоа повторно се вклучени во нов скандал, откако Фетел постојано ги одбиваше инструкциите на тимот да го пушти колегата Шарл Леклер во Сочи.

Леклер, кој стартуваше од пол-позицијата, тврдеше дека постоел „договор“ тој да го пушти Фетел во водство од третото место, за потоа тој да му ја врати позицијата. Но, Германецот изјави дека „не ги разбрал“ инструкциите.

Фановите и дел од коментаторите сметаат дека Ферари непотребно се мешале во трката, откако го прогласија Фетел за возач на денот.

„Немаше причина Ферари да интервенираат на таков начин. Само штетите на своите возачи ако им давате такви наредби“, изјави Кристијан Данер од „РТЛ“.

Светскиот шампион од 1997, Жак Вилнев се согласи.

„Фетел беше многу побрз, а Ферари сега имаат вистински проблем. Не требаше да му кажат веднаш да го пушти Леклер. Кармата ги казни на крај“, вели Вилнев.

Марко, советникот на Ред бул, исто така застана во поддршка на својот поранешен возач.

„Ферари не успеаја да победат со најбрз болид. Иако беше најбрз на патеката, тие решија да го жртвуваат Себастијан. Очигледно, тој нема иднина во Ферари“, изјави Марко.

Scroll to Top