Top Sport

Мартин го освои Сан Марино, Бањаја „искршен“ до третото место

Возачот на Прамак Дукати, Шпанецот Хорхе Мартин го комплетираше совршениот викенд на Сан Марино ГП трката, триумфирајќи во неделната главна трка пред италијанското дуо Марко Бецеки и Франческо „Пеко“ Бањаја.

Популарниот „Мартинатор“ стигна до својата трета победа во Мото ГП класата, откако претходно беше и на пол-позицијата, а вчера триумфираше и во спринтерската трка, победувајќи со разлика од повеќе од една секунда од Марко Бецеки.

Сепак, најмногу почит мора да му се оддаде на актуелниот шампион, асот на Дукати, Пеко Бањаја, кој успеа да заврши на третото место, една недела по страшниот судир на Шпанското ГП во Барселона, каде што мотоцикл му премина преку нозете.

Бањаја останува лидер во генерален пласман со 283 поени, сега 36 пред Мартин додека Бецеки е трет со 65 поени помалку.

Scroll to Top