Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, победи на спринт трката во Засхенринг. Мартин во Германија ја забележа втората спринт победа. Две победи сезонава има и Бред Биндер, една повеќе од нив двајца досега забележа светскиот првак, Пеко Бањаја.
Хорхе Мартин, спринтот го започна од шестата позиција. Експресно напредуваше до третото место, а потоа го презеде првото место кога со извонреден маневар успеа да ги помине Милер и Бањаја.
На крајот Мартин во целта влезе со предност од две и пол секунди во однос на Бањаја. Трет заврши Милер со КТМ.
Зад најдобрите тројца се пласираа Лука Марини (ВР 46), Жоан Зарко (Прамак Дукати), Бред Биндер (КТМ), Марко Бецеки (ВР 46).
Мартин со денешната победа ја намали предноста во однос на лидерот Бањаја на 21 поен.
Трката за Големата награда на Германија утре ќе започне во 14 часот.