Foto/ EPA
Хорхе Мартин е победник на спринтот во Валенсија, последен оваа сезона во „кралската класа“. Возачот на Прамак Дукати уште еднаш потврди дека е брилијантен во спринт трките, победи и покрај тоа што стартуваше од шестата позиција. За разлика од него актуелниот шампион Бањаја, трката ја започна од второто, а ја заврши на петтото место.
Во пресрет на големото финале, трката за Големата награда на Валенсија, Бањаја има 14 поени повеќе од Мартин. Шпанскиот возач на тој начин беше блиску до лидерот во генералниот пласман Франческо Бањаја на 14 поени.
Втор во спринтот беше Бред Биндер од КТМ, а во последниот спринт на мотоциклот на Репсол Хонда, Марк Маркез го освои третото место. Пред Бањаја на етвртото место беше Маверик Вињалес (Априлија), кој спринтот го започна од пол-позицијата.
Последната гтрка во сезоната Големата награда на Валенсија, утре ќе се вози во 15 часот.