Поранешниот возач на Ферари, Фелипе Маса вели дека Себастијан Фетел имал добра кариера во италијанскиот тим бидејќи тие никогаш не направиле болид со кој тој можел да биде светски шампион.
Фетел беше блиску до титулата двапати со Ферари, откако во 2017 и во 2018 беше лидер во генерален пласман во првиот дел од сезоната, пред да загуби од Луис Хамилтон и Мерцедес. Никој не знае подобро како е да се загуби од Хамилтон во болид на Ферари од Маса. Во 2008 година во последната трка во Бразил, тој беше на чекор до титулата, пред Хамилтон да го претекне Тимо Глок и да го освои трофејот за три поени разлика.
„Фетел има освоено многу победи и титули во кариерата и мислам дека во Ферари беше многу добар. Дури успеа да се бори за титулата, иако мора да признаеме дека никогаш немаше болид со кој можеше да стане шампион“, вели Маса.
Бразилецот исто така не би бил изненаден ако Фетел реши да се откаже од Формула 1 и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со место во Мерцедес во 2021 година.
„Не, воопшто не би бил изненаден. Навистина го почитувам за тоа што го направи во Ф1 и за да остане треба да биде 100 отсто сигурен во тоа, но и да има тим кој ќе застане зад него“, вели Маса.