Објавата на Фернандо Алонсо дека од следната сезона ќе вози за тимот на Астон Мартин е вистинско изненадување за неговиот поранешен колега од Ферри, Фелипе Маса.
Алонсо ќе го замени Себастијан Фетел, кој заминува во пензија на крајот на сезоната, но Бразилецот смета дека ова е чекор назад за шпанскиот двократен светски шмпион.
„Прво, мора да се забележи дека Фернандо е фантастичен возач. Имав шанси да бидам негов колега во Ферри долго време и научив многу од него. Според мене, тој е еден од најдобрите на светот и затоа беше чудно да се прочита дека ќе оди во Астон Мартин. Да бидам искрен, сакам да го слушнм неговото објаснување, бидејќи Астон Мартин ќе добијат многу од него, но Фернандо нема што да добие во тој тим. Нема да има конкурентен болид за да може да покаже што умее“, вели Маса.