Бразилскиот ветеран на Вилијамс Ф1, Фелипе Маса потврди дека се повлекува од спортот на крајот на сезоната по 15 сезони во Формула 1. Маса и лани објави повлекување од Ф1, но потоа од Вилијамс го убедија да се врати како замена за Валтери Ботас, кој замина во Мерцедес.
Поголемиот дел од кариерата Маса го помина во тимот на Ферари, како „помошник“ прво на Михаел Шумахер, а потоа на Фернандо Алонсо. Во 2014 тој дојде во Вилијамс и помогна тимот во 2014 и 2015 да биде трет во генерален пласман.
„Како што сите знаат, јас и лани објавив дека се повлекува од Формула 1, но се согласив да се вратам да помогнам на мојот тим Вилијамс. Имав четири одлични години со тимот, но кариерата доаѓа до својот крај. Благодарам на сите кои ме подржуваа во кариерата, мојата сопруга и мојот тако, мојот менаџер Николас Тод и моите пријатели, колеги и спонзори. Посебна благодарност до фановите кои ме подржуваа сите овие години“, вели Маса, кој последните две трки во кариерата ќе ги има на домашното ГП во Интерлагос и на финалето во Абу Даби ГП.
Thanks for the support love you guys ? pic.twitter.com/TUCcXIYHVv
— Felipe Massa (@MassaFelipe19) November 4, 2017