Top Sport

Маса уште знае да претекнува (видео)

Фелипе Маса можеби е дебитант во Формула Е шампионатот, но бразилскиот ветеран уште еднаш покажа дека има талент и дека е штета што си замина од Ф1 без освоена титула.

Бразилецот имаше тешко деби во ФЕ со само 14. место, меѓутоа го направи најдобриот потег на патеката – успеа да помине два болиди во една кривина.

Антонио Феликс да Коста триумфираше на отварањето на сезоната во Саудиска Арабија, откако возачот на БМВ Андрети го остави зад себе актуелниот шампион Жан-Ерик Верњ, откако безбедносното возило ги „зближи“ во финишот на трката во Ад Диријах. Џером Д’Амброзио беше на третото место.

Scroll to Top