Top Sport

ММА легендата Френк Мир се откажа во крвавата „Белатор“ пресметка (видео)

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија и легенда на ММА бордите, Френк Мир доживеа „крвав“ пораз во „Белатор 212“ против Хави Ајала по меч кој може да биде последен во неговата кариера.

Дуелот во Хонолулу започна со голема исеченица на лицето на Мир, но тој успеа двапати да го собори својот противник и ја доби првата рунда, пред Ајала да ја преземе контролата и да го натера Мир да „преживува“. По ова се „отвори“ исеченицата на лицето и почна да тече крвта, пред тој првпат во кариерата да се откаже од еден меч.

Scroll to Top