Top Sport

Мазепин признава дека неговиот татко може да му купи Ф1 тим

Тркачот на Хас, Никита Мазепин не сакаше да ги демантира шпекулациите дека неговиот нов татко, милијардерот Дмитриј Мазепин може да купи Ф1 тим за тој да има сигурно место.

Контроверзниот руски дебитант е возач на американскиот тим Хас, а има договор и за 2022 година, а главен спонзор на тимот е компанијата „Улралхем“, хемиската компанија во сопственост на Мазепин. 22-годишниот Никита постојано тврди дека е во Ф1 поради својот квалитет одговарајќи на шпекулациите дека неговиот татко е клуч за неговата кариера.

„Го имам моето место бидејќи сум тркач и тимот го препознава тоа. Причината за спонзорството е тоа што компанијата гледа на Ф1 како можност за нови бизниси. Јас сум единствениот Русин во Формула 1 и нормално е руска компанија да инвестира во тимот. Дали мојот татко ќе купи Ф1 тим? Тоа би било интересна опција за него, бидејќи сите работи кои ги има почнато му се успешни. Но, јас сум лојален на Хас и имам договор за следната сезона. Ако купи тим, тогаш се надевам дека ќе бидеме побрзи од нив“, изјави Мазепин за „Билд ам зонтаг“.

Scroll to Top