Top Sport

Еми Мартинез е мајстор за тролање – по Мина, на ред дојдоа и Роналдо и Бруно

Голманот Емилијано Мартинез покрај своите квалитети како чувар на мрежата, е познат по неговото успешно провоцирање на противниците, кое по Копа Америка, се покажа и во Премиерлигата на вчерашниот меч Манчестер јунајтед-Астон вила.

Откако Астон вила поведоа во 88. минута, беше досуден пенал за Јунајтед во 92. минута, и кога Бруно Фернандеш пријде да го изведува пеналот, Мартинез реши да го предизвика Кристијано Роналдо: „Ти шутирај, Роналдо, ти шутирај“ му викаше Аргентинецот. Единсон Кавани се обиде да го смири и да се врати на голот.

Ова очигледно донесе дополнителен притисок за Бруно Фернандеш, кој ја прати топката високо над голот, а по ова Мартинез почна да танцува пред публиката на „Олд Трафорд“.

Овој потег доаѓа откако во текот на летото, Мартинез одбрани три пенали во полуфиналната победа на Копа Америка против Колумбија, одбранувајќи ги ударите на Давинсон Санчез, Јери Мина и Едвин Кардона. Тој цело време ги провоцираше Колумбијците.

„Еј, топката е пред тебе. Да, да, те знам добро. Знам каде ќе шутираш и потоа ќе ти ја одбранам. Те јадам брату, те јадам“, му велеше на Мина.

Емилијано Мартинез: Роналдо ти шутирај го пеналот

Меси и голманот Мартинез го уништија Јери Мина

 

Scroll to Top