Top Sport

„Ме немаше. Сега се вратив“

Британскиот автомобилист, Луис Хамилтон, два месеци по завршувањето на сезоната и траката за Големата награда на Абу Даби, се огласи на социјалните мрежи. Седумкратниот светски првак, се повлече од јавноста, откако на контроверзен начин, во последниот круг од трката, остана без шампионската титула.

Хамилтон (37) на „Инстрагам“, постави слика со краток текст.

„Ме немаше. Сега се вратив“.

По трката во Абу Даби се шпекулираше дека Хамилтон ќе се повлече од Формула 1, незадоволен пред сѐ од одлуките кои ги донесе директорот на трката, Мајкл Маси.

Оваа објава веројатно најавува дека Хамилтон ќе се натпреварува во претстојната сезона. Колега во Мерцедес ќе му биде Џорџ Расел.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 20.март.

 

Scroll to Top