Top Sport

Медведев: Тренирам за друг спорт

Данил Медведев реши да земе одмор по исцрпувачкото финале на Австралија опен. Рускиот тенисер, во Мелбурн, по пет часа игра испушти предност од два сета и загуби од Рафа Надал.

Разочарн од поразот, Медведев реши да земе одмор, поради што го откажа учеството на турнирот во Ротердам.

Медведев, барем извесен сака да не мисли на тенисот. Поради тоа реши да вози картинг и тоа со поранешните Ф1 возачи, Данил Квјат и Александер Албон.

„Повеќе нема тенис, мојот тренинг за Ф1 официјално започна“, напишал Медведев на социјалните мрежи и објавил снимка од трката.

Scroll to Top