Top Sport

Механичарот на Ферари беше успешно опериран

Механичарот на Ферари кој доби скршена нога при влегувањето во боксот на Кими Раиконен на трката во Бахреин имаше успешна операција.

Франческо Чигарини се подготвуваше да постави ново задно лево тркало при второто влегување во боксот на Раиконен, кога на Финецот му беше порачано да излезе од боксот и тој ја прегази неговата лева нога.

„Операцијата помина добро и сакам да се заблагодарам на сите кои ми посакаа добро. Ви благодарам на сите“, напиша Чигарини на Инстаграм.

Раиконен, кој од декември има и Инстаграм акаунт му порача: „Брзо опоравување, другар“.

По трката Ферари објавија дека истражуваат зошто автоматизираниот систем му порачал на Раиконен дека може да тргне, а бидејќи не му беа поставени сите нови гуми, а според правилата гумите мораат да бидат од иста спецификација, ова значеше крај на трката за Раиконен. Ферари беа казнети со 50.000 евра.

Scroll to Top