Мекларен доби дозвола од ФИА следната сезона да ги користи моторите на Мерцедес, откако минатата недела шефовите на спортот се согласија да ги одложат драстичните промени на правилата од 2021 за 2022.
Резултат на ова е префрлање на шасијата за 2020 за 2021 за да се намалат трошоците на тимовите, но Мекларен, кои оваа сезона возат со мотори на Мерцедес, го планираа дизајнот за 2021 за моторот на Мерцедес и сега ќе мораат да прават модификации на плановите.
Рено следната сезона ќе остане само со еден тим како снабдувач, сопствениот фабрички тим, откако минатата година Ред бул се преселија на моторите на Хонда.