Top Sport

Фабрегас: Чаби Алонсо „молеше“ за трансфер во Арсенал!

Цеск Фабрегас тврди дека неговиот поранешен соиграч од шпанската репрезентација Чаби Алонсо „молел“ за трансфер во Арсенал, но „топчиите“ го игнорирале ова и тој од Ливерпул во летото 2009 година заминал во Реал Мадрид.

Чаби Алонсо имаше 210 настапи за „црвените“, освојувајќи титула од Лигата на шампионите, но тренерот на Арсенал, Арсен Венгер сметал дека не е потребно да се донесе талентираниот фудбалер од средниот ред во Лондон, по што тој со Реал Мадрид стана легенда. Фабрегас вел и дека бил лут.

„Разговарав со Чаби цело лето и тој умираше да дојде тука, во основа ги молеше сите да го пуштат во Арсенал. Навистина го сакаше трансферот и јас направив што можам, зборував со луѓето во клубот и мислев дека е фантастичен за нас. Но, јас не сум директор и тренер и само сакав одличен фудбалер и мој сонародник да дојде во Арсенал. Вистинска штета, тој беше како создаден за Арсенал“, вели Фабрегас.

Венгер тој преоден рок донесе само еден фудбалер, белгискиот дефанзивец Томас Вермален од Ајакс. „Топчиите“ следната сезона ја завршија на третото место.

Scroll to Top