Top Sport

Мекларен го покажа новиот болид

Ландо Норис и Оскар Пјастри отворија ново поглавје во 60.годишната историја на Мекларен. Мекларен ги претстави возачите и болидот за новата сезона, а прославата на 60. годишниот јубилеј соодветно започна со презентација на дебитантон Оскар Пјастри, кој ќе има искусен тимски колега во Ландо Норис.

Во чест на годишнината, автомобилот го доби и името – MCL60.

Болидот за сезоната 2023 е „облечен“ во папаја портокалова и сина боја, боите што тимот ги носеше во годината на неговото основање.

Ландо Норис и дебитантот Оскар Пјастри првпат ќе возат MCL60 на официјалните тестови во Бахреин на 23-25. февруари.

Минатата сезона Норис беше седми во генералниот пласман, забележувајќи еден подиум. Тој беше трет на трката за Големата награда на Емилио Ромања во Италија. Мекларен ја заврши сезоната на петтото место во поредокот за конструктори.

Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 5.март со трката за Големата награда на Бахреин.

Scroll to Top