Top Sport

Мекларен го потврдија Карлос Саинс Јуниор за 2019

Тимот на Мекларен потври дека еден Шпанец ќе замени со друг, откако Карлос Саинс Јуниор доби „повеќегодишен“ договор за да го замени Фернандо Алонсо, кој објави дека се повлекува од Формула 1 на крајот на сезоната.

Објавата не е изнзенадување, но во исто време значи дека Пјер Гасли речиси сигурно ќе биде промовиран од Торо росо во Ред бул, од каде што заминува Даниел Рикардо (во Рено, на местото на Саинс).

„Екстремно сум среќен и горд што можам да објавам дека ќе се приклучам на семејството на Мекларен следната година. Вистинско остварување на сонот е да се вози за таков легендарен тим“, вели Саинс.

23-годишниот Саинс, инаку син на рели-легендата со исто име, е „производ“ на академијата на Ред бул и првата шанса ја доби со тимот на Торо росо во 2015 година, пред за оваа година да биде „позајмен“ во тимот на Рено. Тој никогаш не криел дека Алонсо е неговиот идол во Ф1.

„Возбудени сме што Карлос доаѓа во Мекларен, бидејќи ја следиме неговата кариера долго време и го цениме како еден од најталентираните млади возачи во Ф1. Тој има совршена комбинација на младост и искуство – со нас ќе ја стартува петтата сезона во спортот, а веќе работеше и со нашиот партнер Рено“, изјави директорот на Мекларен, Зек Браун.

Scroll to Top