Top Sport

Мекларен и Ферари најбрзи на првиот ден тестирање

Лендо Норис во Мекларен беше најбрз на првиот ден од зимското тестирање во Барселона, во кое на патеката се вратија лутите ривали Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, а тимовите завршија повеќе од 1.000 кругови.

Норис беше повеќе од една секунда побрз од конкуренцијата, возејќи на помеки гуми од другите ривали, оставајќи ги Ферари на второто и третото место, по што следуваше двојката на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Шарл Леклер беше најбрз во утринската сесија, но по ручекот имаше повеќе промени на возачите кај сите тимови.

Мерцедес, Ферари и Ред бул беа трите тима кои надминаа 100 извозени кругови , добивајќи драгоцени податоци за нивните болиди, но другите тимови немаа толку среќа – Хас имаа само 8 круга со Мик Шумахер во текот на утрото, а Никита Мазепин попладнето извозе само 20 круга. Ист случај беше и со Алфа Ромео, каде што Валтери Ботас имаше само 23 круга.

Новиот светски шампион, Макс Ферстапен беше само деветти најбрз, но комплетираше 147 кругови, или далечина од две ГП трки за продуктивен ден за Ред бул.

Scroll to Top