Top Sport

Мекларен ја комплетираа исплатата на 275 милиони фунти на Рон Денис

Иако приходот на Мекларен групацијата падна за 61.5 отсто поради корона кризата, последните документи откриваат дека компанијата лани ја комплетирале исплатат ана 275 милиони фунти на поранешниот шеф Рон Денис.

Денис ја презеде контролата на тимот на почетокот на 1980-тите и го направи Мекларен втор најуспешен Ф1 тим зад Ферари, како и врвен производител на супер-автомобили пред во средината на 2017 да биде „избркан“ од компанијата.

Податоците на Мекларен покажуваат дека Денис добил 200 милиони фунти во 2017 година и требал да добие 75 милиони фунти во две рати во декември 2017 и август 2019. Мекларен ги обезбедија првите 37.5 милиони фунти за да не ги загубат своите историски болиди, кои ако сумата не беше исплатена ќе завршеа кај Денис.

Според магазинот „Форбс“, за да се финансира трансакцијата, Мекларен издале обврзници за 450 и 250 милиони долари на берзите за да се отплатат 25-те отсто на Денис. Сега, Мекларен е контролирана од Мумталакат фондацијата на Бахреин со 57.7 отсто, 14.7 отсто одат кај саудиската ТАГ групација, 10 отсто се кај Мајкл Лафити, а остатокот кај малцински инвеститори.

Во првите три месеци во 2019, Мекларен продадоа 953 автомобили, но во првите три месеци во 2020 оваа бројка падна на 307. Оваа недела групацијата потврди дека отпушта 1.200 работници, од кои 70 ќе дојдат од Формула 1 тимот.

Scroll to Top