Top Sport

Мекларен: Леклер и Ферари ги поставуваат сите во опасност

Шефот на Мекларен, Андреас Зајдл вели дека е зачудувачки што Ферари му дозволија на Шарл Леклер да продолжи да вози со скршено предно крило, и уште позачудувачки што ФИА му додели само 10 секундна казна за овој инцидент.

Деловите од болидот на Леклер завршија во болидот на Лендо Норис и практично му ја уништија трката на англискиот тинејџер.

„Воопшто не сме задоволни што нашите ривали сакаат да ги возат своите болиди со скршено крило. Така не постсавија сите во опасност. Кога тој дел од Ферарито се откачи, делот заврши во сопирачките на Лендо и ја зголеми температурата и моравме да го повикаме во боксот за да го исчистиме. Трката му беше уништена. Не смее да има толеранција за такво однесување, посебно да се вози под полна гас“, вели Зајдл.

Дел од оштетеното крило на Леклер заврши и во болидот на Луис Хамилтон, откачувајќи му го ретровизорот на болидот.

Scroll to Top