Top Sport

Манчестер јунајтед годишно дава 332 милиони фунти за плати!

Манчестер јунајтед, тимот кој го има еден од најлошите стартови на сезона во Премиер лигата, е првиот премиерлигаш кој ги објави финансиските детали за 2018/19, во кои се открива дека тие дават неверојатна сума од 332 милиони фунти на плати годишно, рекорд во историјата на англискиот фудбал.

Трошоците за плата пораснаа за 36 милиони фунти во последните 12 месеци по „преуредувањето“ на првиот тим. Меѓу тие кои заработуваат најдобро се Давид де Хеа и Пол Погба со по 290.000 фунти неделно, додека Алексис Санчез, кој замина на позајмица во Интер зема околу 400.000 фунти неделно.

Интересно, во 2012 година, клубот имаше само трет најскап платен список во лигата, зад Манчестер сити и Челси.

Scroll to Top