Top Sport

Мекларен му дадоа повеќегодишен договор на Пјастри

Мекларен потврдија дека Формула 2 шампионот, Австралиецот Оскар Пјастри потпиша повеќегодишен договор со англискиот клуб, откако Бордот за договори на Формула 1 одлучи во нивна корист по барањето на Алпин да се спречи овој договор.

Иднината на Пјастри стана интересна откако пред неколку недели, Алпин Ф1 објавија дека тој ќе го замени Фернандо Алонсо кој заминува во Астон Мартин во 2023, но Австралиецот и неговиот агент, ексвозачот Марк Вебер инсистираа дека тој не се согласил на вакво нешто. Случајот на 21-годишниот тркач заврши пред ФИА, кои го потврдија правото на Мекларен за неговиот потпис. Пјастри ќе го замени својот сонародник, Даниел Рикардо во Мекларен.

„Пресреќен сум што ќе дебитирам во Формула 1 во толку престижен тим како Мекларен и благодарен сум што добивам ваква шанса. Тимот има долга традиција на давање на шанса на млади возачи и едвај чекам да почнам да работам покрај Лендо Норис“, вели Пјастри.

Scroll to Top