Top Sport

Мекларен му го зедоа генералниот директор на Порше

Германецот Андреас Зајдл е новиот генерален директор на Формула 1 тимот, Мекларен. Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, рекол дека Зајдл на екипата ќе и се приклучи во текот на годината.

Зајдл е поранешен директор на Порше во трките во Светскиот шампионат во издржливост. Тој има искуство во Формула 1, бидејќи во периодот од 2000 до 2009 година работел во БМВ.

Не е познато кога тој ќе му се приклучи на Мекларен, бидејќи челниците на тимот допрва ќе ги договараат тие детали со колегите од Порше.

Мекларен минатата сезона, во конкуренција на десет екипи, ја заврши на шестото место во првенството, а 80 отсто од бодовите освои Фернандо Алонсо кој се повлече од Формула 1.

Болидите на Мекларен во новата сезона ќе ги возат Карлос Саинц јуниор и Лендо Норис.

Scroll to Top