Top Sport

Давид Луиз ќе се врати во Бенфика

Давид Луиз нема да го продолжи договорот со Челси, туку има намера како слободен играч да се врати во Бенфика, каде што ја започна вистинската професионална кариера.

Бразилецот, не сакал да преговара со Челси околу новиот договор, бидејќи челниците на „сините“ не сакале да се откажат од праксата на играчите што имаат што веќе наполниле 30 години.

Давид Луиз сакал клубот да му понуди договор на неколку сезони.

Португалскиот весник „О Бола“, објави дека откако не успеал да се договори со Челси, намерата на Луис е да се врати во Бенфика.

Давид Луиз четири години играше во Бенфика, каде пристигнал од Виторија Баиа за 1,5 милиони евра. Во јануари 2011 година за 25 милиони евра се пресели во Челси, а од Лондон замина во ПСЖ за 60 милиони евра, што тогаш беше рекордна сума на пари платена за еден дефензивец. По две години во ПСЖ тој повторно се врати во Челси.

Scroll to Top