Top Sport

Мекларен најавија голема промена во имиџот на тимот

Претседателот на Мекларен Ф1, Зек Браун вели дека неговиот тим ќе ја има „најголемата промена“ од сите тимови во Формула 1.

Минатата сезона по заминувањето на дологогодишниот шеф Рон Денис, Мекларен открија црно-портокалова шасија во обид да го „освежат“ имиџот и да ги вратат старите бои на тимот, но Браун вели дека тоа е само почеток.

„Болидот воопшто нема да изгледа исто како минатата година. Нашиот цел бренд, видливоста на Мекларен ќе биде крената на повисоко ниво и ќе биде многу возбудливо. Знаеме како ќе изгледаат многу други тимови, но ветувам дека најголемата промена надвор и на патеката ќе биде забележана на Мекларен. Последните години не сме лидери, така што во Австралија мораме да пристигнеме и да ги натераме другите да кажат: ‘Видовте што направија во Мекларен?’. Тоа секогаш било во сржта на овој тим“, изјави Браун за „Аутоспорт“.

Мекларен нема главен спонзор по заминувањето на „Водафон“ на крајот на 2013 година, и Браун вели дека тимот бара „главен партнер“, а не „главен спонзор“.

„Потребен ни е еднаков партнер, а не спонзор. Знам дека некои ќе сметаат дека тоа се само различни зборови за иста работа, но мислам дека нашиот болид ќе биде доволно силен за да не му е потребно брендирање“, додава Браун.

Scroll to Top