Top Sport

Фјури ќе покаже „ново лице“ кога ќе се врати во рингот

Новиот тренер на поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, Бен Дејвисон ветува дека тешкашот добива не-фер однос од британската јавност и дека ќе покаже друга страна на карактерот кога ќе се врати во рингот оваа година.

Фјури доби дозвола од Британската анти-допинг агенција (УКАД) во декември да продолжи со кариерата согласувајќи се на двегодишна суспензија, која веќе ја имаше отслужено поради долгата пауза од рингот.

„Тој сега може да биде тој што е и мислам дека ќе видите друга страна на Фјури. Тој е непоразен шампион. Не мора да привлекува внимание бидејќи и така сите сакаат да занаат за него. Го кажува тоа што го мисли и стои на своето. Јавноста нема претстава кој е вистинскиот Тајсон Фјури“, вели Дејвисон.

Фјури има 25-0 скор, а стана сензација кога го совлада Владимир Кличко во ноември 2015 година за да стане ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО светски шампион во тешка категорија. Но, по ова следуваа низа повреди, проблеми со депресијата и со користењето на дроги (кокаин), како и одземањето на боксерската лиценца.

Working hard in gym, but need some help.????????

A post shared by Tyson Fury (@gypsyking101) on

Иако пред неколку месеци фотографиите од „дебелиот“ Фјури не влеваа многу надеж во брз кам-бек на „Џипси кинг“, со помош на нутриционист, Англичанецот полека се враќа на својата стара тежина.

Според нутриционистот, Грег Мариот, тој веќе ослабел 25 килограми, иако има подготвено мени од 3.500 калории дневно (иако препорачани за возрасен маж се 2.500 калории), во седум оброци, богати со ‘ржан леб, авокадо, јајца и сланина. Фјури избегнува храна во која има шеќер, како домати.

„Тој во моментов е на ‘кето’ диета така што знаеме точно колку јаглехидрати му влегуваат во телото. Кога ќе почнат тренинзите со голем интензитет, тој ќе прима до 5.500 калории дневно“, објаснува Мариот.

Scroll to Top