Тимот на Мекларен се повлече од првата трка во новата сезона во Формула 1, откако беше потврдено дека еден член на тимот е заразен со коронавирусот.
„Заразениот е во изолација, започна да ги покажува симптомите. Одлуката е донесена бидејќи чувствуваме одговорност кон тимот, навивачите и останатите учесници“, стои во соопштението.
Новата сезона во Формула 1 треба да започне в недела во Мелбурн, но откако Светската здравствена организација прогласи пандемија можно е да не се вози.