Top Sport

Мерцедес ги тестираа 18-инчните гуми за 2021

Актуелните Ф1 шампиони Мерцедес имаа шанса да го тестираат прототипот на новите гуми на Пирели од 18 инчи, пред трансферот на вакви пошироки гуми во 2021 година.

Формула 1 и следната сезона ќе вози со 13-инчни гуми, пред големите промени во спортот од 2021 година. Пирели имаа првични тестови со Рено и Мекларен на патеката Пол Рикар во Франција оваа година, а денеска Мерцедес имаше шанси да види како функционираат пневматиците на тестот на патеката Јас Марина во Абу Даби.

Зад воланот беше возачот на Вилијамс и дел од академијата на Мерцедес, Џорџ Расел, кој комплетираше над 100 круга. Според регулативите, Пирели, кој останува единствен снабдувач на пневматици до 2023 година, го диктира тестирањето со тимовите, а податоците ги споделува со сите тимови за никој да нема предност. Формула 2 шампионатот ќе се префрли на пошироките гуми веќе следната сезона за да се добие подобра слика за тоа што ќе донесат промените.

Scroll to Top