Top Sport

Тони Надал: Ние сме „полу-Каталонци“ и скржливци, затоа му бев тренер на Рафа

Менторот на Рафа Надал, популарниот чичко Тони повторно зборуваше за тајната на успехот на светскиот рекет број 1 и објасни зошто нивната соработка функционираше толку долго.

„Секако, јас сум фантастичен тренер бидејќи обединив три тешки работи – имав среќа што имам голем тенисер, негов чичко сум и секогаш е потешко да му дадеш отказ на својот роднина отколку на човек од надвор. Од друга страна, ние на Мајорка сме ’полу-Каталонци’ и секогаш многу внимателни со парите и затоа на Рафа му бев најефтиниот тренер на турнејата“, вели на шега постариот Надал.

Тој исто така посочи дека му е многу мило што Надал повторно е светски број 1, откако повеќе пати во неговата кариера ривалите го „отпишуваа“.

„За мене предизвикот не беше да го освоиле Ролан Гарос или Вимблдон туку да играме што е можно побргу. Никогаш не бев задоволен од оствареното и се обидов да останам таков. Секогаш мислев дека Рафаел мора да го игра секој поен како животот да му зависи од тоа за да победува. Во 2005 година велеа тој е готов, не може повеќе, сега во 2019 тој ја завршува годината како број 1. Тоа кажува многу за него“, вели Надал.

Scroll to Top