Top Sport

Мерцедес го открија адутот за новата сезона (Видео)

Бранителот на трофеите во конкуренцијата на возачи и конструктори, Мерцедес, во понеделникот пред јавноста го откри изгледот на болидот со кој се надеваат дека ќе ги повторат успесите од минатата година. Луис Хамилтон ја освои титулата, Валтери Ботас беше втор во генералниот пласман, а Мерцедес со голема разлика ја освоија титулата кај конструкторите.

Болидот за 2020 година, со која ќе ги бранат титулите ја носи ознаката „В11“. Новиот болид не се разликува премногу од минатогодишниот.

Покрај карактеристичните бои за Мерцедес сребрената и зелената, новиот болид има и малку црвена боја. Ова е бојата на новиот спонзор ИНЕОС.

Болидот на патеката ќе биде промовиран в петок на 14 февруари во Силверстон.

Scroll to Top