Top Sport

Она што е Меси во фудбалот, Ферстапен е во Ф1

Макс Ферстапен доколку има конкурентен болид, според стручњаците, ќе му биде најголемиот конкурент на актуелниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, во борбата за шампионската титула.

Холанѓанеџот неодамна го продолжи договорот со ред Бул, тим за кој дебитираше како тинејџер.

Неговиот сонародник, поранешен возач на Минарди и Ред Бул, Роберт Дорнбос е сигурен дека Ферстапен во иднина ќе го превземе тронот. Тој рекол дека „Ферстапен е Лео Меси во Формула 1“.

„Еднаш во една деценија се појавува талент каков што е Макс. Тој е Меси во Формула 1. Сигурно е дека ќе доминира во овој спорт, прашање е само кога ќе започне неговата доминација“, рекол Дорнбос.

Scroll to Top