Top Sport

Мерцедес го претставија моќниот Формула Е болид! (галерија)

Мерцедес го претставија својот Формула Е болид со кој следната сезона ќе влезат во шампионатот на електрични болиди. Болидот првпат ќе биде претставен на авто-саемот во Женева подоцна овој месец.

ФЕ проектот на Мерцедес ќе има иста база со моќниот Формула 1 тим, кој последните две сезони ја освојува двојната титула.

„Сребрената стрела“ и оваа година има неофицијален влез во шампионатот преку тимот ХВА, кој претходно возеше за Мерцедес во ДТМ шампионатот, и во својот состав ги имаат поранешниот Ф1 возач, Штофел Фандорне и двократниот ДТМ шампион Гери Пафет, кои се борат за место во официјалниот тим следната сезона.

Scroll to Top