Top Sport

Модриќ: Не можеме десет години да плачеме по Роналдо

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, рекол дека на тимот му недостасува Кристијано Роналдо, но дека тоа не треба да биде изговор за лошите партии на „кралскиот клуб“.

„Кристијано е играч што би му недостигал на секој клуб, невозможно е да се најде замена за него. Што се тој има направено за овој клуб…Секаго дека ни недостига. Клубот се обиде на повеќе играчи да го подели она што го правеше Роналдо. Тоа не е лесно, Кристијано постигнуваше по 50 гола во сезона, тешко можете да најдете таков играч. Некој требаше да направи исчекор, не да постигне 50 гола, туку да имаме тројца играчи со 15 до 20 гола сезонава. Тоа ние го немаме“, рекол Модриќ.

„Ефикасноста ни е најголемиот проблем оваа сезона. Видовте во Купот против Барселона, имавме многу шанси, а не постигнавме гол. Толку добар противник тоа знае да го казни. Кристијано не е тука, но ние не можеме десет години да плачеме дека го нема Кристијано. Клубот им ја даде довербата на други играчи: Бејл, Асенсио, Бензема, дојде Маријано, тука е и Винисисус кој игра добро. Сепак работите не одат онака како што посакуваме. Единствен начин за да продолжиме понатаму е да работиме напорно и да бидеме обединети“, рекол Модриќ на прес конференцијата во Мадрид, пред натпреварот со Ајакс во Лигата на шампионите.

Реал со предност од 2-1 ќе го пречека Ајакс утре од 21 часот.

Scroll to Top