Top Sport

Мерцедес го враќа ударот – 1-2 на тренингот во Австрија

Откако минатата недела ја загубија битката со Ред бул и Макс Ферстапен во можеби најдраматичната трка оваа сезона, Мерцедес се вратија со 1-2 пласман на вториот тренинг во Штаерска, на истата патека каде што овој викенд ќе се вози Австриското ГП.

Мерцедес се наоѓаат во неочекувана серија од четири трки без победа, но влегуваат на саботните квалификации како фаворити откако Луис Хамилтон имаше најдобро време од 1:04.523, за 0.189 секунди пред Валтери Ботас, додека победникот од минатиот викенд, Ферстапен беше трет со 0.217 секунди послабо време.

Најголемо изненадување беа болидите на Астон Мартин – Ленс Строл беше четврт пред Себастијан Фетел.

Scroll to Top