Top Sport

Мерцедес: Хамилтон и Расел ќе добијат исти услови

Џорџ Расел, во новата сезона, ќе му биде колега на Луис Хамилтон во Мерцедес. Британецот во тимот го наследи Валтери Ботас. Финецот кариерата ќе ја продолжи во Алфа Ромео.

Валтери Ботас, во ниту еден момент не му беше ривал на Хамилтон, туку му помагаше на Хамилтон и тимот да го остварат планираното.

Раел нема да ја има улогата на Ботас, првиот човек на Мерцедес, Тоте Волф, рекол дека возачите ќе имаат еднаков третман.

„Ние сакаме да имаме рамноправни возачи, кои спортски ќе се борат за титулата. Доколку нешто такво не е можно, тогаш очекуваме сите да му служат на возачот кој има поголеми шанси“, рекол Волф.

Шефот на „сребрените стрели“, рекол и дека луѓето имаат погрешна перцепција кога е во прашање Луис Хамилтон.

„Луис не бара да биде во повластена положба. Тој, откако на неправеден начин остана без титулата во Абу Даби му честиташе на Ферстапен. Тој само сака фер тркање на патеката. Не бара ништо повеќе од тоа“, заклучил Волф.

Scroll to Top