Top Sport

Мерцедес и Ферари одбиле да бидат дел од документарен филм

Извршниот продуцент на компанијата „Нетфликс“, Пол Мартин изјавил дека екипите на Мерцедес и Ферари ги разочарале фановите на Формула 1 бидејќи одбиле да учествуваат во снимањето на документарниот филм за најбрзиот „циркус“ во светот.

„Нетфликс“, минатата сезона побарале пристап „зад сцената“ во Формула 1, за потребите на снимањето на десет епизоди од документарниот филм.

Сите екипи со исклучок на Мерцедес и Ферари се согласиле да учествуваат во документарниот филм.

„Со своето одбивање тие покажаа одредена доза на непочитување кон навивачите низ целиот свет. Беше се или ништо, а сметам дека ако условите беа добри за осум екипи, требаше да бидат добри и за Мерцедес и Ферари“, рекол Пол Мартин.

Од Ферари не сакале да зборуваат по ова прашање додека од редовите на Мерцедес одговорот бил дека „натпреварувањето во светското првенство е работа што бара максимална посветеност и фокус на целиот тим и дека носењето на секоја одлука е подредена на натпреварувањето“.

„Нетфликс“, на својот сервис, документарната серија за Формула 1 ќе ја објави на 8 март.

Scroll to Top